Политика за приватност

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со законите за заштита на личните податоци.

Прибирање и обработка на лични податоци.

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. ДОО МЕРКУР не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена (пример, кога нарачувате).

Користење и чување на личните податоци 

ДОО МЕРКУР ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. ДОО МЕРКУР нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во ДОО МЕРКУР се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Слобода на Избор

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на ДОО МЕРКУР. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на ДОО МЕРКУР, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од е-продавницата, како ни можноста за купување производи. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот е-весник тоа можат да го направат преку својот личен профил на е-продавницата. Автоматски снимени податоци (не-лични податоци), кога ќе се вклучите на е-продавницата на ДОО МЕРКУР, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата е-продавница и за подобрување на содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се откриваат на трета страна.

Безбедност

ДОО МЕРКУР се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Малолетници

ДОО МЕРКУР им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да му даваат лични податоци на ДОО МЕРКУР без дозвола од своите родители или старатели. ДОО МЕРКУР никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.

Врски со други интернет страници

Кога ќе ја напуштите е-продавницата на ДОО МЕРКУР, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

Објавување на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци.  Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас. 

Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани со купувањето.

Во секое време ќе ви овозможиме брзо и лесно да се откажете од примањето на електронски пораки од нас.

Новости

http://merkur.com.mk/uploads/news/s_thumb_IMG_0498.JPG Рецензија на течната пудра Matt+

Повеќе

 

http://merkur.com.mk/uploads/news/s_thumb_oceanic kozmetika.jpg AA Cosmetics

Повеќе

 

http://merkur.com.mk/uploads/news/s_thumb_novo seventeen.jpg RED ALERT

Повеќе